HomeКултура„Охридско лето“ завршува со европска премиера на „Приказната на Електра“

„Охридско лето“ завршува со европска премиера на „Приказната на Електра“

- Advertisement -spot_img

Јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затворено со европската премиера на претставата „Приказната на Електра“, по текст на Сашо Димоски и режија на Дејан Пројковски, во копродукција со Театарската асоцијација од Јужна Кореја, АРТЕМА и НУ „Охридско лето“.

Претставата ја реинтерпретира античката митска приказна за Електра преку универзален сценски јазик кој комбинира визуелни слики, телесна експресија и минимален текст, отворајќи теми за семејството, одмаздата и катарзата.

Ова е нов проект во успешната соработка на Димоски и Пројковски, која претходно резултираше со високо признати продукции како „Инферно“, „Собирачи на пердуви“, „Демони“ и „Рацин“.

Во улогите настапуваат актери од Јужна Кореја: Ким Чоин (Електра/Ифигенија), Ким Сеонг-ми (Клитемнестра/Касандра), Чои Минхјук (Орест), Јанг Мин Ки (Агамемнон) и Ха Џин (Егист).

Претставата ќе се игра на Големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 21 часот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img