Припадниците на Територијалната противпожарна единица Охрид (ТППЕ), заедно со волонтерското противпожарно здружение „Ентузијаст“ денеска одржаа показна вежба во стариот дел на градот.
– Денеска, во присуство на нашите соработници од покраината Тирол, Австрија, г-дин Петер Логар и г-дин Ханс Паб, се реализира заедничка вежба на ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст во стариот дел на градот. За првпат е изведена вежба од ваков тип во овој дел на градот, каде пристапот е ограничен поради тесните и непристапни улици и истата е извршена со едно мало навално возило од професионалната противпожарна единица и едно специјализирано возило на ДПД Ентузијаст – Охрид, опремено со специјални пумпи со висок притисок, со кои се изврши извлекување на вода од езерото, поставување на линија, надополнување на пп возилото и директно гаснење на опожарениот објект. Вежбата се изведе успешно од сите инволвирани, со запазување на сите техничко-тактички мерки и протоколи за справување во вакви ситуации, информираат од ТППЕ Охрид.
Вежбата се спроведе на улиците „Коста Абраш“, кај „Сараиште“ и улицата „Цар Самоил“, во близина на Куќата на Робевци. Во симулацијата беа користени безбедни зачадувања и звучна сигнализација.
извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид






