Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, во Зливот на коските на Охридското Езеро, во близина на Музејот на вода, го запалија подводниот василичарски оган и со тоа ја најавија вечерашната прослава на Стара нова година.
Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован Крстител – денот на рибарите во Охрид.







