Завчера вечерта, во 22:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода П.С. (47) од Охрид.
Како што информираат од МВР, претходно во СВР Охрид било пријавено дека П.С. вперил воздушна пушка кон неколку лица, меѓу кои и едно лице кое било вооружено со пиштол.
Според пријавеното, лицата на булеварот физички го нападнале неговиот малолетен син, по што 47-годишниот охриѓанец реагирал со воздушната пушка.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.






