-0.2 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветОгромен пожар се заканува на населените места во близина на Лос Анџелес...

Огромен пожар се заканува на населените места во близина на Лос Анџелес (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Пожарот изгоре околу 2,5 квадратни километри суви грмушки во ретко населена област, објави CNS News.

Наредба за евакуација е издадена за еден камп, додека жителите на оддалечените домови се предупредени да бидат подготвени за евакуација.

До вечерта, 40 проценти од пожарот е локализиран, соопшти Националната шума на Лос Анџелес на социјалните медиуми.

Калифорниската патрола затвори делови од автопатот и околните патишта во близина на езерото Пирамид во планинска област позната по планинарење и пловење за да ја олесни работата на противпожарните екипи.

Во исто време, пожарникарите се справуваа и со пожар во Кањонот што предизвика евакуации, уништи седум објекти и повреди тројца пожарникари.

Пожарот, кој се прошири на 22 квадратни километри, е целосно локализиран вчера наутро.

Друг пожар во северниот округ Лос Анџелес се прошири на 162 хектари, а еден пожарникар бил полесно повреден во тој пожар.

Пожарот „Хок“ е ставен под контрола за 6 проценти до синоќа, а пожарникарите успеале да го спречат неговото понатамошно ширење.

На жителите на малото гратче Актон им е наредено привремено да се евакуираат, што подоцна беше ублажено, но сите се уште се во состојба на готовност.

Во Палмдејл е отворен центар за евакуација.

Најголемиот пожар во Калифорнија оваа година, пожарот „Гифорд“, кој избувна на 1 август и се прошири на околу 536 квадратни километри во окрузите Санта Барбара и Сан Луис Обиспо, вчера беше ставен под контрола за 41 процент.

Националната метеоролошка служба предупредува дека поради недостаток на дожд, условите во Јужна Калифорнија се екстремно суви, што дополнително го зголемува ризикот од пожари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img