Легендата на мексиканскиот фудбал, Рафаел Маркез ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Мексико. Откако оваа држава ќе ја одработи улогата на домаќин на претстојниот Мундијал ова лето, заедно со САД и Канада, Мексико ќе добие нов селектор во човекот кој што одбележа две децении во националниот дрес на оваа земја.
Веста ја објави спортскиот директор Дуилио Давино, кој откри детали за планот за следниот период. Маркез моментално е помошник тренер на Хавиер Агире селекторот во моментов, но неговата улога е дел од директна транзиција кон челната позиција на клупата на „Ел Три“.








