Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, прва фаза од проектот „Градски воз“, најави денеска Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници Инфраструктура, при увидот на ремонтните активности во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
– Првата фаза на градски воз во должина од 24,5 километри ќе заврши за најмногу шест месеци, а втората деница од Драчево до Илинден, што е исклучиво за товарниот сообраќај, во должина од 7,7 километри ќе биде готова до Нова година, бидејќи е пократка, односно двете делници ќе бидат целосно оперативни за најмногу половина година. И двете се електрифицирани, што е важно затоа што дизел возовите нема да влегуваат во Скопје со Градскиот воз, туку ќе бидат исклучиво електрифицирани, изјави Ивановски.








