домаМакедонијаОд утре почнува Богородичниот пост – две седмици за пост, молитва и...

Од утре почнува Богородичниот пост – две седмици за пост, молитва и духовна обновеност

- Advertisement -spot_img

Две седмици посветени на Пресвета Богородица, пост во кој човекот е повикан на смирение и доближување до Бога. Во овие заклчуно 14 дни пред нас, од понеделник до петок се пости без масло, сабота и недела со масло, а риба е дозволена само на Преображение.

Но постот не е само воздржување од храна, туку и време за молитва, прошка и очистување на срцето од гнев и од се што го оддалечува човекот од Бога.

Со молитва верниците и свештениците ќе молат за изобилие на земни плодови и мирни времиња

Како се пости во овие денови и што значи Богородичниот пост за верникот, објаснува протојерејот Добрица Јанев.

,,Ете од утре почнуваат богородичните пости, овие пости се посветени на мајката Борогроица, најкратките пости, кои траат две седмици. Секогаш почнуваат еден месец по празникот на светите апостоли Петар и Павле. Овој пост е построг од Божикниот и апсотолскиот, еднаков на велигденскиот. Од понеделник до петок без масло, сабота и недела со масло. Риба е дозволено само на Преображение, но има и некои празници каде што нашите браќа и сестри можат да видат на социјалните мрежи е што е разрешено и на масло. И на преображение црквата има традиција да го благлосвои лозовиот плод. Значи првото грозје што ќе се набере се носи овде во црквата на Преображение, се благослувава, за Господ Бог и подари изобилие на плодови земни, на времиња мирни и практикува.“, вели Јанев

Оние кои се подготвуваат да постат, треба да се исповедаат, а доколку имаат некакви тешкотии со постот, да се посоветуваат со својот духовен отец.

А на Преображение, првото грозје од лозјата се носи во црква за да се благослови, па потоа се вкусува – како прв плод што му го принесуваме на Бога, со молитва за изобилие на земни плодови и времиња мирн

,,Сите оние кои што ќе се подготуваат за да постат, треба да се исповедаат, секогаш ако некој има било какви проблмеи во однос на постот, е консултира со својот духовен отец дали треба или не да се ублажи постот. Исто традиција да не вкусуваме од ловоиот плод пред Преображение. Вкусуваме грозје на Преображение од кога правината ќе му ја пренесеме на Бога.“, кажа Јанев

Богородичниот пост трае до 28 август, кога православните верници го празнуваат Успението на Пресвета Богородица – празникот во народот познат како Голема Богородица. Празник кој секоја година се одбележува на истиот датум – 28 август, кога по постот и молитвата верниците се собираат во чест на Мајката Божја.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img