Oд утре плаќањето билет во автобусите на ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци за градскиот и за приградскиот превоз ќе се врши исклучиво со КА-карта, платежна картичка виза/мастерс – бесконтакно плаќање директно во автобус.
Од ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информираат дека не се прима готовина во нивните автобуси.
– Официјални партнери за продажба и надополнување кредит се Инфо-центарот на Градскиот плоштад, „Браво нутс“ кај старата автобуска станица, „Мар – Пет Макарена – Ваташа“ и ДМД ОИЛ Глишиќ – соопштија од претпријатието.
Оттаму известуваат дека до 31.12.2026 година, при секое купување на КА-карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно.
За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Инфо-центарот или на телефон 043 400 417.






