домаМакедонијаОд Норвешка до Св. Наум: Семејството Селениќ помина илјадници километри за крштевка...

Од Норвешка до Св. Наум: Семејството Селениќ помина илјадници километри за крштевка на своето дете во Охрид

- Advertisement -spot_img

Километарската оддалеченост и животот во Скандинавија не ги прекинаа нивните духовни врски со Балканот. Двајцата млади родители од Србија Милица и Александар Селениќ, кои својот дом го изградиле во далечната Норвешка, решија нивното дете да го крштеваат токму во Охрид во манастирот Св.Наум. Специјално за крштевката тие поминаа илјадници километри, носејќи ја вербата и традицијата со себе. За нив, Охрид не е само туристичка дестинација, туку место каде културата, традицијата и духовниот мир се спојуваат во едно.Воодушевени од вековната енергија на ова светилиште и единството кое го чувствуваат тука, велат дека ниту една друга локација во Европа не можела да ја замени симболиката на македонскиот Ерусалим.За нив, Свети Наум не е само верски објект, туку симбол на единство кој сакаат да го врежат во идентитетот на нивното дете.

,,Охрид првпат го посетив на моите 10 години заедно со културно уметничко друштво од Шабац од каде и потекнувам и имавме овде многу убава турнеа.Многу убаво бевме дочекани и уште тогаш многу ми се допадна овој град,неговата култура историја спојот на животот на луѓето од различни вери,како живеат во слога и заедништво и тоа е нешто прекрасно и тоа е всушност основата на секоја вера да живееме во слога и да се почитуваме меѓусебе.Се воодушевив уште тогаш и тоа ме купи.Затоа посакавме да се вратиме повторно овде,особено кога го добивме нашето второ дете.Јас сум верник но не претерувам во ништо.Сметам дека дозирањето и умереноста во се е лек за душата,така и кога е верата во прашање но мора да признаам дека почувствував посебна енергија и емоција кога првпат го посетив манастирот Св Наум дури и кога се капев во езерото на нивните плажи.Раа енергија е нешто божествено и сфатив дека крштевањето на морската ќерка Вишња е вистинската работа што треба да ја направам.Едноставно го почувствував тоа.” – раскажува Милица Селениќ.

,,Мене најмногу ми се допаѓа природата и навистина има некоја посебна енергија.Одлуката тука да биде крштевката беше донесена многу брзо, едноставно и двајцата инстиктивно го почувствувавме тоа.И целиот чин беше преемотивен за сите нас,нашите семејства гостите.”- вели Александар Селениќ.

Иако патот од Норвешка до Охрид е долг, административните бариери не биле пречка за ова семејство.Напротив,тие велат дека до дозволата за крштевање во една од најголемите балкански светињи стигнале многу полесно отколку што очекувале.Оваа отвореност на манастирот Св.Наум во комбинација со воодушевувањето од спојот на културата и традицијата само ја потврдила нивната одлука дека Охрид е вистинското место за овој свет чин.

,,Постарото дете го крстивме во Шабац бидејќи и двајцата сме од родени таму,мислев дека ќе биде многу тешко околу дозволите и целата процедура но мора да признаам дека кај нас многу покомплицирана беше процедурата за разлика од тука каде се одеше многу брзо и со многу голема доверба кон нас и тоа не направи многу среќни.На крштевката сакавме да ја вратиме на некој начин Југославија на мала врата.Носевме традиционални носии но се прилагодивме на вашите обичаи и на тој начин направивме спој на две традиции и култури сите максимално се посветија се да биде волшебно и навистина беше така.Сите уживаа,многу беше емотивно и убаво.Засекогаш ќе остане овој ден во нашите срца.- додава Милица.

,,Во однос на верата во Норвешка не е како кај нас на Балканот.Посетуваат верски објекти но не со таа топлина и жар како кај нас.Би се преселил во Охрид без размислување,се чувствувам како дома кога сум тука.” додава Александар.

Приказната на овие млади родители е само уште една потврда за магнетната привлечност на Охрид кој останува духовен центар што ги обединува луѓето без разлика каде живеат.Охрид уште еднаш докажува дека е место каде културите се преплетуваат а верата не познава граници.Со благослов од Св.Наум и воодушевување од македонското гостопримство, ова семејство ја продолжува својата приказна во Норвешка, но со дел од Охрид засекогаш врежан во нивните срца.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img