Ноќеска околу 02:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 02:40 часот на локалниот пат од населба Карпош, кумановско, кон село Никуљане, општина Старо Нагоричане, од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми од огнено оружје кон патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(34) од Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, нема повредени лица, а екипа од СВР Куманово извршила увид на местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.






