домаРегионОд Брисел порачаа: НЕ ПРИФАЌАМЕ НАСИЛСТВА ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

Од Брисел порачаа: НЕ ПРИФАЌАМЕ НАСИЛСТВА ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

- Advertisement -spot_img

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, синоќа, откако поддржувачите на Студентската листа упаднаа во просториите на Информер, повика да се воздржат од какво било насилство.

Бекерат, во објава на мрежата X, истакна дека оние кои сакаат да изразат критика или да поднесат жалби против кој било медиум, треба да го сторат тоа со достоинство и преку воспоставени законски, регулаторни и корегулаторни механизми.

„Насилството никогаш не е решение. Во исто време, го повторуваме повикот до РЕМ да покаже независност и интегритет во својата работа. Исто така, ги потсетуваме сите медиуми на нивната одговорност да придонесат за фер, одговорен и конструктивен јавен дискурс“, напиша Бекерат.

Синоќа, група поддржувачи на Студентската листа упаднаа во зградата на телевизијата Информер и ја прекинаа програмата, ги демолираа просториите, физички ги малтретираа и најавија нови насилства.

Групата поддржувачи на таа листа потоа се собраа пред зградата на ТВ Пинк, а потоа и пред РТС.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img