домаМакедонијаОбвинителството бара да се преиспита ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорческа

Обвинителството бара да се преиспита ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорческа

- Advertisement -spot_img

Во Апелациониот суд денеска беа разгледувани жалби поврзани со пресудата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски.

За овој грозоморен чин, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Но, тие побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судењео.

Во исто време Обвинителството бара да се преиспита ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар.

Дарко Јакимовски, вишиот јавен обвинител истакна дека Ѓорчески ја споделил информацијата дека Вања ќе оди сама на училиште, податок кој според обвинтелството го знаеле само најтесните членови на семејството.

„Вечерва Александар им пратил порака на децата да се облачат небаре ќе одат на планина. Неговото однесување следниот ден, кога повторувал дека детето е грабнато и убеино, како и движењето по Качанички пат, укажуваат на сомнежи“, соопшти Јакимовски.

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, рече дека не постојат докази за негова вмешаност во грабнувањето или убиството, потенцирајќи дека не постои никаква комуникација помеѓу Александар и останатите обвинети.

„Пресудата е правилна и законита, и опасно е да се создава преседан врз основа на претпоставки“, изјави Туфегџиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img