HomeШоубизОбјавена првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер

Објавена првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер

- Advertisement -spot_img

На првата објавена фотографија е прикажан младиот волшебник Хари Потер во училиштето Хогвортс, а веќе е промовиран и првиот трејлер за серијата.

Новата актерска постава ја предводи Доминик Меклафлин во главната улога, додека Арабела Стентон ја толкува Хермиона Грејнџер, а Аластар Стаут е во улогата на Рон Визли. Тимот е комплетиран со Ник Фрост како Хагрид, Џон Литгоу во улогата на Албус Дамблдор и Папа Есиеду како професорот Северус Снејп.

Серијата ќе овозможи детална екранизација на сите седум книги, при што секоја сезона ќе ја следи приказната на по еден роман. Авторката Џ. К. Роулинг е вклучена во проектот како извршна продуцентка со цел да се обезбеди автентичност на адаптацијата, изјави извршниот директор на „Ејч-Би-О“, Кејси Блојс.

Поддршка за новите колеги даде и Даниел Редклиф, кој го толкуваше ликот на Хари Потер во оригиналните филмови. Премиерата на првата сезона се очекува во текот на 2027 година, со ветување за досега најдетално прикажување на магичниот свет. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img