7.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeШоубизНУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот...

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

- Advertisement -spot_img

НУ Камерен оркестар на Битола свечено ја отвора концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, кој ќе се одржи на 24 февруари 2026 година во Офицерски дом Битола.

Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма посветена на романтичниот израз во музиката, со дела од: Антонин Дворжак, Јозеф Сук и Петар Илич Чајковски.
Влезот е слободен. Концертот е замислен како емотивно музичко доживување и достојно отворање на новата сезона.

И покрај тоа што оваа година Министерството за култура одобри само 6 проекти, НУ Камерен Оркестар на Битола, како и минатата година, ќе се стреми кон реализација на повеќе од 10 концертни и музички проекти во текот на сезоната. За потсетување, во 2025 година оркестарот реализираше 12 проекти, како и повеќе од  5 гостувања низ Македонија, потврдувајќи ја својата активна улога на националната музичка сцена.

Веднаш по отворањето на сезоната, НУ Камерен Оркестар на Битола ќе бидат дел и од концертот „Засекогаш во срцата“, кој по осми пат ќе се одржи во Битола. Овој концерт, посветен на делото и споменот на Тоше Проески, и оваа година ќе се реализира благодарение на ентузијазмот и посветеноста на организаторите, иако за прв пат Министерството за култура не одобри финансиска поддршка за истиот.

Со ваквиот почеток на сезоната, НУ Камерен оркестар на Битола уште еднаш ја потврдува својата мисија континуирано да создава квалитетна музичка програма и да ѝ понуди на публиката значајни културни настани, без разлика на институционалните предизвици.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img