HomeХроникаНСП обвинува: Лица кои нападнаа двајца полицајци пред дискотека се ослободени

НСП обвинува: Лица кои нападнаа двајца полицајци пред дискотека се ослободени

- Advertisement -spot_img

Независен синдикат на полицијата остро реагира по синоќешниот инцидент пред дискотеката во Скопје, каде, според нив, двајца полициски службеници од ПС ОН Карпош биле нападнати од алкохолизирани лица и притоа се здобиле со тешки телесни повреди.

„Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа, за што нашите информации велат дека оваа одлука била променета откако интервенирал висок функционер од Владата, по што бил променет и обвинителот. Во настанот дополнително бил вклучен и одделот за внатрешна контрола која сега наместо вина кај лицата ќе истражува за работата на колегите“, напишаа од Синдикатот.

Тие додаваат: „Бараме сериозен и темелен пристап од страна на сите инстуции, а ние развојот на овој настан детално ќе го следиме. Уште утре ќе испратиме писмена реакција до Основното јавно обвинителство, но и до Министерот за внатрешни работи, затоа што нанесување на тешка телесна повреда на полициски службеник е сериозно кривично дело кое не смее да биде толерирано и допуштено да се маргинализира“

Screenshot
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img