Стари, истрошени и докажани лојалисти на дуото Заев-Филипче се новите членови на ЦО на СДСМ, велат утринава од ВМРО-ДПМНЕ. Да им честитаме на новите членови на одборот, се трудевме навистина но не можевме да забележиме ниту еден нов лик. Очигледно овие ликови се од некое затурено ливче од патувањата по Белото Море со јахтата на Заев и Филипче. Честито СДСМ, не можевте да го пробиеме дното посилно од ова што го правите сега, додаваат од владејачката партија.








