Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно во Албанија.
Моментално амбасадорот Веле Трпевски е директор на Директорат за организациони работи во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.








