домаСветНови тензии на Блискиот исток - САД нападнаа 90 цели во Иран,...

Нови тензии на Блискиот исток – САД нападнаа 90 цели во Иран, Техеран стрелаше кон американски бази во заливските земји

- Advertisement -spot_img

Вашинтон изведе околу 90 напади врз воени цели, претежно на југот на Исламската република. Техеран по подолго време пријави 14 жртви и возврати со проектили врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Катар. Трамп, кој вчера на самитот на НАТО во Анкара објави крај на примирјето, денеска тврди дека Иран настојувал двете страни да се вратат на преговарачка маса.

-Тие толку очајно сакаат да склучат договор. Се јавија пред малку и очајно сакаат да постигнат договор. Само не знам дали се достојни за договор и дали ќе го почитуваат. Бидејќи тие се некако луди, да бидам искрен, тие се некако луди. Некако се надвор од контрола. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

И пораките од Иран не даваат надеж дека прелимиарниот договор потпишан пред речиси еден месец, наскоро ќе прерасне во траен документ.

Главниот преговарач Мохамед Галибаф изјави дека заканите на САД нема да останат без последици, порачувајќи дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен само според ирански услови.  Поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, чие делумно отворање неодамна го смири енергетскиот пазар, сега повторно е целосно блокиран. По обновувањето на судирите, низ главната нафтена рута поминале само 23 бродови.

-Мислам дека (Иран) е подготвен да се врати во конфликт од големи размери, ако тоа значи дека ќе продолжат да го контролираат Ормутскиот теснец. Станува збор за две работи. Прво, тоа е голем воен плен за нив. САД се под значителен притисок на заливските земји за да се осигураат дека Ормутскиот теснец нема да стане де факто иранска поморска територија. , изјави Алекс Ширс, за Ал Џезира, воен аналитичар од Лондон.

Цената на нафтата на светскиот пазар, и покрај новата ескалација, денеска остана стабилна по вчерашниот драстичен скок од речиси шест проценти. Нафтата од типот Брент се продава за 77 долари за барел. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img