Од почетокот на годинава, цените на патарините во Србија се зголемени за возила од сите категории. Известувањето е објавено на веб-страницата на „Патишта на Србија“ каде може да се најде и ценовникот.
Надоместокот е зголемен на сите автопати, а тоа варира во зависност од должината на патувањето односно на кој од излезите ќе се напушти автопатот.
Во ценовникот со наслов „Посебна такса за користење на патарина“ е наведено дека важи од 1 јануари во 7 часот наутро.
На веб-страницата може да се пребаруваат сите цени на патарина, вклучително и за мотоцикли, патнички автомобили и камиони со приколки.
Патарината од Прешево до Белград за патнички возила сега чини 2 060 динари, а потоа за до Суботица треба да се доплати уште 850 динари.
Цените на патарините последен пат се променети на 4 јули минатата година кога се зголемени во просек за 4,3 проценти по поминат километар.







