Во Кочани денеска официјално започна со работа новата хала на компанијата „Амфенол“. Премиерот Христијан Мицкоски на настанот истакна дека станува збор за трудо-интензивна инвестиција со речиси 3.200 вработени, како и план за дополнителни 500 нови работни места што ќе се реализираат во две фази.
Мицкоски најави дека во новите хали ќе биде воведена исклучително напредна технологија која одговара на најсовремените индустриски процеси. Владата, според него, ќе продолжи да дава институционална и финансиска поддршка за странски и домашни директни инвестиции.
„Амфенол“ се смета за стратешки партнер на државата, а според плановите на раководството, компанијата во иднина би можела да го прошири своето производство и во други градови низ Македонија.









