-5.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаНовата 2026 година почнува со екстремно ниски температури

Новата 2026 година почнува со екстремно ниски температури

- Advertisement -spot_img

Под влијание на многу ладна воздушна маса од север, времето во Македонија за време на новогодишната ноќ ќе биде претежно ведро, но многу студено. Северниот ветер ќе дува засилено, особено во југoисточните предели, каде повремено ќе биде силен. Денес ветерот ќе се движи со брзина до 60 км/ч, локално и повеќе.

Денешните максимални температури ќе останат под нулата на повеќе места и ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4°C, додека во Скопје и околината ќе достигнат околу 0°C. Северниот ветер и во Скопје ќе биде засилен, со повремени бури во делови од котлината.

За време на новогодишната ноќ температурите низ целата земја ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат од -13 до -4°C. Во Скопје и околината се очекува температурата да падне до околу -7°C, а на повисоките и планинските места се предвидува минус од околу -15°C.

Првото утро од 2026 година ќе биде многу ладно, со длабок минус низ целата земја.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img