Нова провокација доаѓа од Бугарија, откако пратеникот и лидер на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, денеска во бугарскиот парламент поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик да се третира како дијалект на бугарскиот јазик. Предлогот повторно го отвора спорот околу статусот и посебноста на македонскиот јазик, а иницијативата на Костадинов предизвика реакции во бугарската јавност.
Ова не е првпат Костадинов од парламентарната говорница да ги застапува ваквите ставови. Во свои претходни настапи тој отворено тврдеше дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.
„Преродба“ е бугарска националистичка и евроскептична партија предводена. Таа е парламентарна партија, но не е дел од власта.
„Преродба“ дејствува како опозиција и остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина






