домаМакедонијаНиколовска за случајот со серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане: Ако ова...

Николовска за случајот со серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане: Ако ова се преслика за Скопје, тоа би значело дека 737 жени би биле жртви, а никој ништо да не забележи!

- Advertisement -spot_img

Новинарката Билјана Николовска, која работела на сторијата за осомничениот сериски убиец од кумановско, посочува дека истражувањето открило сериозни пропусти во постапувањето на институциите.

Таа открива дека во еден од случаите, кога 35-годишната Марија Маринковска била пронајдена мртва во својот дом на 19 јануари, првично била констатирана природна смрт. Докторот кој го потпишал наодот бил на замена, а сведоци тврдат дека една од докторките сепак се посомневала на насилна смрт. Сепак, според нив, полицијата ги натерала родителите и блиските роднини да потпишат дека нема да бараат обдукција, по што телото било погребано. Подоцна, по барање на Обвинителството, била извршена ексхумација и обдукцијата утврдила дека се работи за убиство.

Николовска вели дека токму ваквите пропусти покажуваат како со месеци можело да остане незабележано дека повеќе жени умираат во исти околности.

„Мислам дека можеме да снимиме филм со масовниот убиец. Не знам како можело тоа да трае повеќе од седум месеци, се преиспитува дека можело да трае и цела година. И никој да не забележи дека жени починуваат во своите домови и сите да констатираат – природна смрт“, вели Николовска.

Таа додава дека истрагата покажала дека жителите, особено жените од селата во општина Старо Нагоричане, почнале први да алармираат дека нешто се случува.

„Жителите, таму посебно жените, почнале да објавуваат по групи и да го означуваат МВР дека нешто се случува таму и зошто жени починуваат“, посочува Николовска.

Во текот на новинарското истражување, како што вели таа, до нив пристигнувале и документи за осомничениот, меѓу кои и допис од училиштето каде што учел, во кој било наведено дека уште тогаш покажувал проблематично однесување. Дописот бил испратен до социјалните служби, но, како што тврдат, никогаш не добиле одговор.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img