6.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeЕкономијаНиколоски „прати“ писмо до градоначалникот на Вевчани – да го однесе „Македонска...

Николоски „прати“ писмо до градоначалникот на Вевчани – да го однесе „Македонска пошта“

- Advertisement -spot_img

Да бидеме фер и отворени – многу е лесно да се земе делот од пазарот што е профитабилен и што одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност – писмото што јас денеска му го праќам на градоначалникот на Вевчани да го однесе во услови кога никој друг не го прави тоа. За ова ќе разговараме во следниот период зашто состојбата не може да остане ваква – или сите подеднакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки. Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа, порача денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во обраќањето на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, Николоски потсети дека и барањето во Планот за раст е да се подобри ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 отсто, како и да се подобрат индикаторите за профитабилност исто така до 15 проценти, но тоа, потенцира, во сегашните услови кај нас е невозможно.

– Македонија во континуитет ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар на услуги што понекогаш ни создава сериозни главоболки, имајќи предвид дека ние сме Влада што сака да го штити државниот капитал и државните компании да напредуваат, за разлика од други влади кои беа подготвени да ги продаваат. Одредени наши претходници сега се со судски постапки токму поради такви одлуки. Ние би сакале Македонска пошта да расте и да напредува. Овие директиви во услови кога не сме членка на ЕУ навистина ни создаваат главоболки во делот на функционирањето на Македонска пошта. Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа. Во таа насока, повторно доаѓаме до ЕУ – барањето во Планот за раст е да се подобри ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 отсто и да се подобрат индикаторите за профитабилност исто така до 15 проценти, што во услови кои ги опишав претходно мислам дека е невозможно. Затоа мора да ги менуваме условите, подвлече министерот.

Тој најави и дека ќе има законски измени кои ќе одат токму во оваа насока.

-Правиме консултации со сите релевантни чинители и играчи на пазарот, но наша задача и цел е да го заштитиме државниот капитал и тоа ќе го правиме, истакна Николоски.

Воедно информира дека следниов месец Македонска пошта од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа.

-Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за Македонска пошта и во делот на софтвер, сортирки, просторни услови и можност за испорачување најдобри услуги на пазарот. Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога, рече вицепремиерот.

Укажа и дека традиционалниот начин на трговија полека изумира, а за сметка на тоа се поатрактивна станува е-трговијата. Во овој контекст Николоски нагласи дека земјава ќе мора да го фати чекорот.

-Со новите текови, особено во е-трговијата, овој сектор ќе биде апсолутно атрактивен и тука мислам дека приватниот капитал ќе треба да го најде сопствениот интерес. За жал, традициоанлниот начин на трговија изумира, ќе гледаме многу затворени дуќани во периодот пред нас и тоа е светски тренд, ќе гледаме многу трговски центри што не можат да опстанат или се затвораат, а ќе има многу повеќе пратки што ќе доаѓаат до крајните корисници, до нивна адреса и тоа треба да го направите вие. Тука е улогата во која ќе може да се најде и приватниот сектор. Да ги фатиме светските трендови во е-трговијата, работните места кои ќе се изгубат во традиционалната трговија да ги надополниме со работни места кои се надевам дека ќе се отвораат во нови пошти и во зголемување на работата на постојните, истакна Николоски.

Според него, работите не треба да се гледаат розово, туку реално, какви што се.

-Треба да имаме таков однос кон целата работа за државната и приватните пошти да работат профитабилно, да имаат што повеќе вработени и да немаме приказни какви што имавме во минатото, нагласи Николоски.

На македонскиот пазар моментно работат 29 правни лица за поштенски услуги од кои 28 со општо овластување за обезбедување поштенски услуги и АД Пошта на Македонија како државна компнија.

На јавниот состанок се обрати и директорката на Агенцијата за пошти Марина Тоневска која направи рекапитулација на активностите и се осврна на идните планови, додека Данијела Спасиќ Томовска ја претстави анализата за пазарот на поштенски услуги во првата половина од 2025 година. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img