HomeМакедонијаНиколоски од средбите во Стејт Департментот: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат...

Николоски од средбите во Стејт Департментот: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија

- Advertisement -spot_img

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски оствари работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности и создавање на подобри перспективи за економска и трговска соработка.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски по средбите во Стејт Департментот:

„Денеска во американскиот Стејт Департмент остварив неколку средби на високо ниво на коишто разговаравме за односите помеѓу нашите две држави. САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава којашто најмногу ја поддржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка. Помеѓу другото се сретнав и со заменик помошникот Државен секретар задолжен за Европа, Даниел Лоутон. На средбата разговаравме за продлабочување на политичките и економски врски меѓу двете држави како и за стратешкото партнерство коешто го делиме, разговараме за соработката во НАТО во овие предизвикувачки времиња, како и заедничките операции што ги водиме. Зборувавме за економската соработка пред сè во делот на енергетската транзиција и изградба на коридорите. Зборувавме за Паневропските коридори 8 и 10 коишто поминуваат низ Македонија и коишто се витално значајни за економијата и безбедноста на нашата држава. Зборувавме и за продлабочување на соработката во следниот период, очекуваме повторно да се активира Стратешкиот дијалог каде ќе разговараме за заедничките предизвици што ги имаат двете држави. Тука е и трговскиот договор коишто треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство коешто треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија“, изјави вицепремиерот Николоски.

Работната посета на Вашингтон, вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува со обраќање на глобалниот настан „Transforming Transportation 2026“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img