-1.2 C
Skopje
2 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаНиколоски најави реструктуирање: Се обидуваме Пошта да ја ставиме во добра позиција...

Николоски најави реструктуирање: Се обидуваме Пошта да ја ставиме во добра позиција и да ја зголемиме профитабилноста

- Advertisement -spot_img

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна во гостувањето за ТВ Алфа, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој најави и осовременување на Македонски Пошти со 100 нови возила.

„Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме ‘Пошта’ да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте, објаснува Николоски.

Тој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.

„Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца Генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста, истакна вицепремиерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img