Министерот за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски денеска најави дека Владата ќе работи на реорганизација и реструктуирање на работењето на Македонска Пошта, со цел ова државно претпријатие да се доведе во подобра финансиска позиција и да стане поефикасно и профитабилно.
Во своето обраќање, Николоски подвлече дека државната пошта треба да ја зголеми конкурентноста на пазарот, особено во услови кога приватните оператори земаат значителен дел од услугите, додека Пошта го носи товарот на јавните услуги без соодветен финансиски резултат.
Како дел од планот за подобрување на работењето, министерот најави донесување на законски измени, воведување на нов софтвер и набавка на 100 нови возила за модернизација на логистичката мрежа на Пошта.
Николоски истакна дека реорганизацијата ќе се спроведува во периодот што следи, со цел да се зголемат приходите и да се оптимизираат трошоците, при што ќе се почитуваат правата и плати на вработените.







