6.8 C
Skopje
14 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНиколоски: Македонија се позиционира како клучен транспортен центар во регионот

Николоски: Македонија се позиционира како клучен транспортен центар во регионот

- Advertisement -spot_img

Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, со што се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје, Софија и Бургас.

Договорот, кој во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание, беше потпишан на 6 ноември од страна на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и заменик-претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов.

Николоски истакна дека реализацијата на овој проект ќе го зајакне економското поврзување помеѓу двете држави и народи, како и дека Коридор 8 претставува важен безбедносен коридор од висок интерес за НАТО и стратешките партнери на Македонија.

„Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме“, изјави Николоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img