7.8 C
Skopje
14 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНиколоски: Државата останува цврсто посветена на целосна заштита на Охридскиот регион

Николоски: Државата останува цврсто посветена на целосна заштита на Охридскиот регион

- Advertisement -spot_img

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство.

На средбата со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб, се разговараше за улогата на УНЕСКО како клучна мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областа на образованието, науката, културата и комуникациите.

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион, при што беше нагласена потребата од континуирана, навремена и доследна имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на статусот на регионот на Листата на светско наследство.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека државата останува целосно посветена на заштитата на Охридскиот Регион, потенцирајќи ја и подготвеноста за продолжување и унапредување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна, одржлива и ефективна заштита на овој исклучително значаен регион.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img