HomeМакедонијаНи ја запалија плевната, ни уништија три тони бостан и тракторите –...

Ни ја запалија плевната, ни уништија три тони бостан и тракторите – земјоделец бара заштита

- Advertisement -spot_img

Хоророт на семејството почнал минатото лето, кога целиот род од лубеници го нашле расфрлен и уништeн. Неколку месеци подоцна, на 8 декември, злосторствата врз имотот на семејството продолжиле, непознати сторители запалиле 150 бали сено, со кое Мирчевски ги хранел четирите крави, а целата тракторска механизација за обработка на земјата ја пронашол расфрлена и уништена. Капак на сè бил последниот инцидент. Утрината, на 10 декември, нашиот соговорник се разбудил со сознание дека плевната е во пламен. „Кога се запали плевната, внук ми видел двајца со црни капи на главата, само очите им се гледале, почнал да ги брка по нивите, но тогаш едниот му извадил нож и детево се уплашило, раскажува Марјан Мирчевски за весникот ВЕЧЕР, кој бара правда и безбедност за семејството. Од охридската полиција велат за случајот дека преземаат активности

Семејството Мирчевски од охридското село Оровник со месеци живее во страв бидејќи полицијата сè уште истражува кој им ја запали плевната, кој им ја расфрли механизацијата и кој им го уништи родот од три тони бостан. Педесет и едногодишниот стопан на имотот, Марјан Мирчевски, кој по смртта на братот се грижи и за неговото семејство и за старите родители, стравува за безбедноста, дека доколку полицијата не ги открие сторителите, може пак да направат нешто лошо. Особено сега, кога треба да почне да ја гради загубената плевна и да го обработува земјиштето. Неколкупати бил во охридската полиција, но оттаму го испраќале дома со одговор дека истрагата е во тек. Хоророт на семејството почнал минатото лето, кога целиот род од лубеници го нашле расфрлен и уништeн.

„Така скапа, ништо не заработивме од родот, го јадеше стоката“, вели нашиот соговорник, кој случајот веќе го пријавил кај народниот правобранител.

Неколку месеци подоцна, на 8 декември, злосторствата врз имотот на семејството продолжиле, непознати сторители запалиле 150 бали сено со кое Мирчевски ги хранел четирите крави, а целата тракторска механизација за обработка на земјата ја пронашол расфрлена и уништена.

„Механизацијата ја наоѓав не еднаш, туку пет пати, полиција викнав еднаш, кога ја најдов во долот, целосно уништена и неупотреблива. Дојдоа од крим-полицијата, демек ги гледаа, сликаа, но досега не се откри кој ми ја прави бељата, во очај раскажува Мирчевски за весникот ВЕЧЕР и тврди дека штетата што злосторниците му ја направиле е од околу 20 илјади евра.

Капак на сè бил последниот инцидент. Утрината на 10 декември, нашиот соговорник се разбудил со сознание дека плевната е во пламен.

„Ништо не остана од неа, ниту од сеното, морав да продадам две од кравите, нема со што да ги ранам, вели Марјан, кој сега сериозно стравува и за безбедноста на семејството и бара помош од полицијата побрзо да ги најде сторителите.

Од охридската полиција, за случајот со Мирчевски од селото Оровник кое се наоѓа во близина на аеродромот, велат дека преземаат активности.

„На 10.12.2025 во 13:59 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во плевна во с. Оровник, сопственост на М. М., а во врска со пожарот се преземени следниве активности: пожарот е локализиран во 18:30 часот од страна на Територијалната противпожарна единица Охрид, а на 11.12.2025 е извршен увид. На 14.01.2026, по претходно барање на оштетениот, по пошта му е испратена потврда за пријавен настан. На 02.02.2026 од СВР Охрид до ОЈО Охрид е испратено известување во врска со кривично дело предизвикување општа опасност по чл. 288 ст. 1 од Кз на РСМ“, велат од СВР Охрид.

Со записникот што Мирчевски го добил од полицијата, се надева дека ќе добие некој денар оштета за загубениот имот. Но, од она што тој и неговиот 12-годишен внук од брат го кажале во полициската станица, истрагата би требало да добие посериозна димензија.

„Кога се запалила плевната, внук ми видел двајца со црни капи на главата, само очите им се гледале, почнал да ги брка по нивите, но тогаш едниот му извадил нож и детево се уплашило. Им кажа на полицијата, биле повозрасни деца, од 15-16 години, но не може да ги препознае дали се од нашето село, вели Марјан Мирчевски кој ја бара и правдата и безбедноста за семејството.

„Не можам мирно да спијам, ние во куќата сме седум души. Со никој не сум посериозно скаран за да ми направи толку штета. Ја молам полицијата да нè заштити“, завршува овој средовечен земјоделец. (П. А.)

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img