Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Вреди, Невзат Бејта денеска на прес конференција упати обвинувања кон досегашната локална власт за злоупотреби со тендери за реконструкции на улици и пополнување на ударни дупки.
Како што рече, од општинскиот буџет се излеале огромни суми пари кон фирми, а работите на терен не биле извршени.
„За рехабилитација и реконструкција на патиштата во нашата општина доделен е тендер во вредност од 700.000 евра, потпишан од Ваљбон Лимани. Наместо да се завршат работите, не е работено апсолутно ништо. Компанијата што го добила тендерот е од Скопје, како може да ги донесе механизацијата и работниците во Гостивар. А ние во нашата општина имаме многу јаки компании што имаат механизација и работници, но тие не прифаќаат да ги земат парите без работа, затоа тендерот е доделен на компанија што нема допиран точка со Гостивар. Не сме виделе дека некој дошол да работи, улиците се уште се полоши, уништени и во многу лоша состојба, како што може сите да видат секојдневно. Ова не е направено само за една година, туку за осум години откако почна владеењето на Таравари-Лимани. “, кажа Бејта посочувајќи дека истото се случувало и со тендер за пополнување на ударни дупки низ улиците.

„Тендерот за покривање на дупките низ градот и селата чини 200.000 евра, а ниедна дупка не е пополнета. Пак тендерот го добила компанија не од Гостивар, туку од Тетово која никогаш не дошла да види каде има дупки и да ги пополнува. Човек-компанија, ни механизација, ни работници. Дупки се покривани со бекатонки, нашите граѓани секојдневно ги гледат овие работи, ги уништуваат своите автомобили.“, рече тој.
Бејта нагласи дека откако ќе победи на изборите ќе ги обелодени, како што рече, сите злоупотреби правени изминатите 8 години со пари собирани од даноци и такси на граѓаните.







