Нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата продолжува и во вечерните часови.
Според последната информација на Управата за хидрометеоролошки работи, во 20:43 часот од северозапад кон Велес се приближува невреме проследено со пороен дожд и засилен ветер.
Претходно, силно невреме со поројни дождови, грмежи, засилен ветер и локална појава на град беше регистрирано во Кочани, Виница и околината, а нестабилната воздушна маса се движеше кон југоисток.
Надлежните и понатаму ја следат состојбата со временските прилики.








