Кој рече дека не се вклучени сите оружја за да една репрезентација успее да дојде до победа на Европското првенство. На вчерашната средба меѓу Португалија и Норвешка се случи нешто несекојдневно, Португалците го прислушкуваа тајм-аутот на противниците.
Мигел Невеш кој добро го разбира норвешкиот јазик беше фатен како се обидува да дојде до повеќе информации. Овој момент се случи на 57 секунди до крајот при резултат 33-35.
По завршувањето на натпреварот, тој призна дека го разбир норвешкиот јазик и која била неговата цел.
„Играв три години во Норвешка и мојата девојка е Норвежанка, па го зборувам и го разбирам јазикот. Се обидов да стекнам мала предност и да дознаам што планираат. Така можев подобро да ја подготвам нашата одбрана“, изјави Невеш.
Нема да биде чудо ако Европската ракометна федерација (ЕХФ) да отвори постапка.









