Дваесет и петгодишна скопјанка била физички нападната од машко лице по недоразбирање во сообраќајот.
„Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(25) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице најпрвин удрило со предмет во нејзиното патничко возило, а потоа физички ја нападнало“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







