Некогашниот тренер на Динамо Загреб, Ненад Бјелица за медиумите во Хрватска го даде својот коментар за сегашната ситуација во која се наоѓа најголемиот хрватски клуб. Говореше за времето во кое тој беше тренер, а главни беа Македонците Стефан Ристовски и Аријан Адеми:
„Тие момци го однесоа Динамо во ЛШ и со тоа му донесоа на клубот 40 милиони евра. Според мене заслужуваат почит и респект. Тие го сакаат Динамо, а тие се Петковиќ, Теофил, Ристовски, Адеми…Искрено сега во Динамо Загреб нема такви лидери. Во модерниот фудбал тешко се наоѓаат лидери, знаеете оваа генерација е многу „мека“. Токму тие „мангупи“ го држеа Динамо Загреб кога јас бев тренер во тој клуб“ посочи Бјелица, пренсува Т-портал.
Инаку треба да се каже дека Бјелица во времето кога беше во Трабзонспор му беше тренер и на нашиот сегашен капитен на репрезентацијата, Енис Барди.







