домаМакедонијаНе е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

- Advertisement -spot_img

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува и плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба.

Од Собранието велат дека информациите објавени во повеќе медиуми создаваат погрешен впечаток, бидејќи постапката на која се повикуваат објавите се однесува на систематски, односно превентивни здравствени прегледи, а не на приватно здравствено осигурување.

„Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба“, се наведува во демантот.

Од институцијата посочуваат дека согласно член 22 од Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Оваа обврска, како што велат, важи за работодавачите и во јавниот и во приватниот сектор.

Видот и обемот на прегледите се утврдени со соодветна уредба, а прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на медицината на трудот.

„Јавната набавка што ја спроведува Собранието е за конкретни здравствени и превентивни прегледи во рамки на систематскиот преглед, а не за набавка на полиси за приватно здравствено осигурување“, велат од Собранието.

Оттаму прават разлика меѓу систематските прегледи и приватното здравствено осигурување. Приватното осигурување подразбира склучување полиса со осигурително друштво, преку која се покриваат одредени здравствени услуги согласно условите на полисата. Собранието, како што наведуваат, нема склучено такво осигурување за пратениците и вработените.

Дополнително, од Собранието посочуваат дека систематските прегледи не се нова практика ниту нова привилегија. Вакви постапки за набавка на превентивни здравствени прегледи биле спроведувани и во претходните години, со цел исполнување на законските обврски за безбедност и здравје при работа.

Собранието наведува дека ја почитува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана за трошењето на буџетските средства, но очекува информациите за неговата работа да бидат презентирани точно и целосно, со јасно разграничување меѓу фактите и интерпретациите.

Од институцијата апелираат до медиумите што ја пренеле, како што велат, неточната или непрецизно формулирана информација да го објават демантот и да извршат соодветна корекција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img