8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНаместо најавените 7, Македонците ќе плаќаат 20 евра за патување во ЕУ

Наместо најавените 7, Македонците ќе плаќаат 20 евра за патување во ЕУ

- Advertisement -spot_img

Европската комисија објави дека цената на ETIAS системот ќе изнесува 20 евра наместо претходно планираните 7 евра, при што новиот систем за авторизација за патување ќе стапи во сила од последниот квартал на 2026 година.

Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS) е збир на протоколи кои се задолжителни за влез во ЕУ за државјани на земји кои се ослободени од визна обврска. Овој систем е дел од новата ИТ архитектура на ЕУ, дизајниран да ја зајакне безбедноста во Унијата, истовремено олеснувајќи го патувањето за граѓаните од земји што не се членки на ЕУ.

Според објаснувањето на Европската комисија, зголемувањето на цената од 7 на 20 евра се должи на неколку фактори: Зголемената инфлација од 2018 година кога првично беше утврдена таксата, Дополнителни оперативни трошоци поврзани со новите технички функционалности на системот, Дозволата ќе важи три години од датумот на издавање.

Важечки патен документ што нема да истече во наредните три месеци и не е постар од 10 години. Платежна картичка за плаќање на таксата од 20 евра. Лични информации кои се пополнуваат во онлајн формуларот. Важно е да се напомене дека патните документи кои не ги исполнуваат меѓународните стандарди може да бидат одбиени за време на процесот на аплицирање.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img