домаЕкономијаНамален бројот на работници во индустријата за 2,9 проценти за една година

Намален бројот на работници во индустријата за 2,9 проценти за една година

- Advertisement -spot_img

Индустријата во земјава бележи пад на вработеноста, а најизразено намалување има во рударството и вадењето камен. Во септември 2026 година, бројот на работници во индустријата бил за 2,9 проценти помал во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според секторската анализа, најголем годишен пад е забележан во рударството и вадењето камен, каде што бројот на работници се намалил за 7,6 проценти. Во преработувачката индустрија е регистрирано намалување од 2,9 проценти.

Единствено зголемување е забележано во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што бројот на работници пораснал за 1,5 проценти.

Намалување на вработеноста е евидентирано кај сите главни индустриски групи. Најголем пад има кај нетрајните производи за широка потрошувачка, од 4,5 проценти.

Кај капиталните и интермедијарните производи, без енергијата, намалувањето изнесува по 2,7 проценти. Бројот на работници кај трајните производи за широка потрошувачка е помал за 1,7 проценти, додека кај енергијата е регистриран пад од 1,6 проценти.

Негативните движења се забележуваат и во подолг временски период. Во првите девет месеци од 2026 година, бројот на работници во индустријата бил намален за 2,8 проценти во споредба со истиот период во 2025 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img