Според податоците на ДИК, заклучно до 11 часот во Општина Куманово своето право на глас го оствариле вкупно 7,57 проценти од обработени 96 отсто отсто од избирачките места.
Во Куманово денеска се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.
Во Старо Нагоричане со пресекот во 11 часот излезноста изнесува 13,94 отсто.
Во оваа општина денеска можат да гласаат вкупно 3.011 лица, на 36 избирачки места.
Во Липково до 11 часот правото на глас го оствариле 6,55 процени.
Во оваа општина денеска можат да гласаат 26.362 лица на 36 избирачки места.






