8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНад 200 повреди годишно: Животот на работникот вреди само 5.000 евра

Над 200 повреди годишно: Животот на работникот вреди само 5.000 евра

- Advertisement -spot_img

Несреќите на работното место остануваат сериозен проблем во Македонија. Секоја година над 200 работници се повредени, а повеќе од десет завршуваат фатално. Во периодот од 2021 до крајот на 2025 година, бројот на регистрирани несреќи надмина илјада, што ја нагласува итната потреба од подобри безбедносни стандарди и контроли.

Само во 2025 година, според податоците од Министерството за внатрешни работи, се случиле 242 несреќи, од кои дури 12 завршиле со смртен исход, што покажува дека проблемот се зголемува со текот на годините.

Иван Пешевски, претседател на СГИП и потпретседател за приватен сектор на ССМ, посочува дека најризични сектори се градежништвото и земјоделството, каде работниците се најчесто изложени на сериозна опасност.

Според него, бројот на повредени работници во градежништвото расте од година во година, а во просек над 20 несреќи завршуваат со смртен исход годишно. Главните причини за несреќите се многубројни: несоодветна или непостоечка лична заштитна опрема, небезбедна механизација, недоволен или неквалификуван кадар и притисок врз работникот да не ја одбие работата иако неговата безбедност е загрозена.

„Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање при ССМ бележи од година во година се поголем број на пријавени повредени работници. Хронолошки изминативе години дури и повреди со фателен крај во просек се преку 20 годишно. Најголем дел од нив во секторите градежништво и земјоделство. Предизвикот од донесување на нов Закон за безбедност и здравје при работа оставен да чека. До кога? До после донесување на Законот за работни односи. Иако постои тесна врска во целото работно законодавство, според СГИП не треба да се чека повеќе за нов и применлив Закон за безбедност и здравје при работа.“ додава за „Фокус“, Иван Пешевски.

Покрај градежништвото, значителен број на повреди се регистрираат и во земјоделството, металната индустрија, шумарството, сообраќајот и транспортот. Според Пешевски, голем хендикеп е што на хартија речиси нема професионално заболени лица, иако во пракса нивниот број расте.

Во случај на смртен исход на работното место, семејството на загинатиот работник добива обештетување од само 5.000 евра – износ што, според синдикатите, е понижувачки и недоволен.

„Исто така, покрај градежништвото, со голем број повреди при работа се соочуваат и вработените во дејноста земјоделство, метална индустрија, шумарство и сообраќај и транспорт. Голем хендикеп е што се помалку имаме на хартија професионално заболени лица, а во пракса се повеќе. Зависно од повредата, средствата кои се исплаќаат на работниците од осигурувањата се мизерни, а за потсетување обештетувањето за смртен случај е 5.000 евра. Ете толку чини еден работник ако загине и животот го положи на своето работно место. Лошите услови за работа, немањето бенефициран стаж, ниските плати и нееднаквиот третман пред суд доведоа да Македонија остане без квалификуван кадар.“ додава Пешевски.

Масовен одлив на работници
Лошите услови за работа, ниските плати и нееднаквиот третман на сите работници доведоа до масовен одлив на квалификуван кадар од Македонија. Увозот на странски работници не може да ги замени домашните мајстори и инженери, кои често заминуваат по неколку плати. Денешниот дефицит од илјадници квалификувани работници создава големи ризици при реализација на инфраструктурни проекти, особено во градежништвото и индустријата за градежни материјали.

„Увозените работници никогаш нема да ја заменат загубата на нашите домашни работници и инженери. Дури и тие заминаа после неколку плати кај нашите газди. Под голем знак прашалник се изведбите на следните проекти за инфраструктурни објекти имајќи во предвид дека недостасуваат неколку илјади мајстори само во секторот градежништво и индустрија за градежни материјали. Денес во нискоградбата просечната плата според Државниот завод за статистика изнесува 39 238, оо дена ри додека просечната надмина 45 000,оо денари.“ додава Пешевски.

Иван Пешевски нагласува дека достоинствени плати и безбедни услови за работа се предуслов за продуктивни и заштитени работници.

„Се додека делот за безбедност и здравје при работа е трошок за работодавачите наместо инвестиција, не може да очекуваме напредок или позаштитени работници. Достоинствените плати и безбедните услови за работа се предуслов за продуктивни работници.“ додава Пешевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img