12.8 C
Skopje
15 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНад 180 луѓе евакуирани поради поплавите во Кичево, поплавени и објекти на...

Над 180 луѓе евакуирани поради поплавите во Кичево, поплавени и објекти на болницата, а имало проблеми и во скопско

- Advertisement -spot_img

Поради поплави од обилните врнежи од дожд, евакуриани се околу 180 луѓе во Кичево, кои се згрижени и сместени во спортска сала, соопшти Центарот за управуавање со кризи (ЦУК).

Во текот на ноќта, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка Река на улица “Прилепска” во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Регистрирано е и заезерување на улицата “29-ти Ноември” во населбата Подварош каде се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево.

На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби. Известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Во 10 часот раководителот на Регионалниот ЦУК – Кичево одржа состанок во Општина Кичево, по што беше организирана достава на храна и вода за евакуираните со помош на тимовите на Црвениот крст. Од Скопје се упатени дополнителни тимови со ќебиња, душеци, кревети и друга неопходна помош. Според досегашните информации, нема животнозагрозени лица, но превентивната евакуација продолжува. Врнежите и понатаму се интензивни, а состојбата внимателно се следи“, велат од ЦУК.

За состојбата во Скопскиот Регион, од ЦУК велат дека во текот на претпладневните часови, преку бројот 112 се примени повеќе пријави од граѓани. Пријавени се поплавени дворни места во село Идризово (Општина Гази Баба), поплавувања во село Буковиќ (Општина Сарај), поплавено дворно место и подрум во село Зелениково (Општина Зелениково), поплавено дворно место во населба Радишани (Општина Бутел). Сите пријави се проследени до надлежните општини, извршен е увид на терен и се преземаат мерки за санирање на последиците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img