34-годишна родилка викендов починала на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Неколку часа откако и бил направен царски рез, здравствената состојба нагло и се влошила. Пациентката била примена во 38-та гестациска недела од петтата бременост, a ова и бил четврти царски рез.
Таа по интервенцијата, за време на постоперативна интензивна нега се пожалила на болка во градите, по што е започната срцево-белодробна реанимација, а откако се воспоставиле виталните параметри, таа била префрлена на Одделението за интензивна нега и реанимација под постојан мониторинг и терапија. И покрај сите напори на лекарите, жената починала.
Министерството за здравство информираше дека случајот го разгледувала Комисијата за квалитет во рамки на болницата, и оти повеќе информации за смртта ќе бидат соопштени утре.








