На граничниот премин Богородица претпладнево се чека од 15 до 30 минути за излез од Македонија, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки и по суви коловози, но интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои опасност од одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






