Вера Ванг е американска модна дизајнерка и поранешна уметничка лизгачка, а најпозната е по нејзините дизајни на венчаници, кои ги носеле голем број познати личности, вклучувајќи ги Челси Клинтон, Ума Турман, Џенифер Гарнер, Холи Хантер и Алиша Киз.
Својата кариера во светот на модата ја почнала како уредник во „Вог“, позиција на која била цели 17 години. Потоа, во 1987 година почнала да работи во „Ралф Лорен“, каде што останала две години. Својот дизајнерски бренд го основала на 40-годишна возраст и иако нејзиниот фокус на почетокот бил на невестински фустани, подоцна ја проширила и дизајнирала предмети за внатрешно уредување, чевли, парфеми, очила и накит.

Таа секогаш го привлекува вниманието со својот изглед и облеката особено со оглед на својата возраст. Родена е во 1949 година.








