Претседателот на Собранието Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Предвремените избори следат откако на 23 јуни 2026 година на 58 годишна возраст почина градоначалникот Јовица Илиевски.
„Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите. Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што поттикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес“, соопшти собранискиот спикер преку официјално соопштение до јавноста.






