Убавата и атрактивна спортска ТВ водителка од Италија, Марија Луиза Јакобели ги полни батериите за новата сезона, каде што ќе известува во живо од зелените терени низ цела Италија и повторно ќе ги привлекува воздишките на машкиот пол.

-Тешко ѝ е да и се каже не. Фудбалерите и тренерите штом ја видат на теренот, никој не одбива интервју.


Тоа е нешто сосем нормално кога ќе видите како изгледа, сериозната конкурентка на најубавата италијанска тв водителка Дилета Леота.

Марија Луиза Јакобели е италијанска спортска новинарка, телевизиска водителка, модел и инфлуенсерка.

Работела на неколку телевизиски станици, моментално е на SportMediaset, а поради нејзиниот гламурозен стил на облекување, каде што ги истакнува своите бујни гради, како и нејзиното изразено присуство на социјалните мрежи, ја нарекуваат италијанската Ким Кардашијан.









