домаСветНајмалку тројца мртви и двајца ранети во престрелка во Ајдахо

Најмалку тројца мртви и двајца ранети во престрелка во Ајдахо

- Advertisement -spot_img

Најмалку три лица се убиени, а две се ранети во престрелка во Ајдахо, соопшти денеска локалната полиција и потврди дека осомничениот за пукањето е ликвидиран за време на полициската интервенција.

Пукањето се случило вчера кај ресторанот „In-N-Out“ во градот Твин Фолс, во Ајдахо, соопштија надлежните, пренесува „Ен-би-си њуз“.

– Најмалку две лица се повредени во насилниот инцидент, но таа бројка би можела да се зголеми – изјави портпаролот на Твин Фолс, Џош Палмер.

Шефот на локалната полиција во Твин Фолс, Метју Хикс, соопшти дека осомничениот напаѓач бил убиен за време на полициската интервенција, но засега не е јасно дали осомничениот е една од трите потврдени жртви.

– Идентитетот на осомничениот и можниот мотив за пукањето сè уште се утврдуваат. Веруваме дека опасноста за нашата заедница е помината – изјави Хикс на прес-конференција.

Надлежните служби реагирале околу 14:30 часот по локално време по дојави за пукање во околината на ресторанот „In-N-Out“ на булеварот „Блу Лејкс Норт“, потврди локалната полиција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img