Спасувачките екипи ги извлекле телата на четири лица откако лавина затрупала базен камп на планината Химлунг Химал, во делот на Хималаите што припаѓа на Непал, додека најмалку 12 лица сè уште се водат како исчезнати.
Лавината го погодила кампот на планината висока 7.126 метри во областа Мананг во неделата наутро, зафаќајќи тим што го подготвувал теренот за странски планинари.
Непалските државјани – составени од планинари и помошен персонал – биле испратени претходно за да го постават базниот камп, да ја обезбедат рутата и да постават јажиња, пренесува „Би-би-си“.






