0.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

- Advertisement -spot_img

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Како што информира МЖСПП, резултатите од мерењата спроведени вчера и денеска покажуваат дека просечната концентрација на честичките е 9.7 µg/m³, а максималната измерена вредност изнесува 28.2 µg/m³.

Вредноста во моментот на завршување на мерењето била 20.1 µg/m³.

-Според добиените податоци, просечните концентрации на PM10 честичките во наведениот период се во рамки на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. Мерењата се реализирани со автоматски систем, користејќи ја следната метода и опрема AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време мерење и евиденција на концентрации на PM10 честички, со светлосен сноп и циклон селектор со проток од 2 l/min. Инструмент: ES-642, METONE, USA – сертифициран за индикативен мониторинг согласно MCERTS стандардите од Обединетото Кралство, наведува Министерството.

МЖСПП напоменува дека контуинирано го следи квалитетот на воздухот, со цел навремено информирање и заштита на здравјето на населението.

Ресопрниот министер Изет Меџити денеска изјави дека ќе се преземат сите неопходни мерки за санирањето на еколошките штети од пожарот во Трубарево.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img